Францускиот првак Пари Сен Жермен вечерва го очекува тешко гостување кај Лил, а тренерот Томас Тухел најверојатно нема да може да смета на напаѓачот Килијан Мбапе. Нејмар е надвор од тимот поради повреда на глуждот, а крајно неизвесен е и настапот на Мбапе кој се жали на болки во бутниот мускул.
ПСЖ има четири порази од стартот на првенството во Франција и на дербито ќе влезе со еден бод заостанување во однос на Лил. Томас Тухел е под императив да ги освои трите бода со оглед дека подолг период се зборува за негово заминување од „Паркот на принцовите“.
Во тимот на ПСЖ ќе отсуствуваат и Икарди, Маркињос, Бернат, Данило, Дијало и Сарабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













