
Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, ги разреши дилемите за тоа каде ќе игра следната сезона. Тој и четврта година по ред е избран за најдобар фудбалер во првенството на Франција, а јавно истакна дека ќе остане во Париз до крајот на договорот.
„Имам голема чест да го пишувам своето име во историјата на францускиот фудбал. Многу сум среќен во ПСЖ и знам каде ќе играм следната година. Ќе играм во ПСЖ, а планот ми е да го доработам целиот договор“, изјави Мбапе.
Пари Сен Жермен ја освои шампионската титула во Франција, но доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите, па поради тоа сезоната е оценета како неуспешна. На прославата на титулата не беа Лионел Меси и Нејмар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
