
Мароканскиот фудбалер Нусаир Мазрауи кој игра за Баерн Минхен застана во одбрана на Палестина, но тоа налути многумина во Германија.
Пред десетина дена започна сериозен воен конфликт меѓу Палестина и Израел. Имаше голем број жртви во изминатите неколку дена, а Израел продолжува со нападите и многумина стравуваат од геноцид врз палестинскиот народ.
На оваа тема зборуваше мароканскиот фудбалер на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи. Тој објави пропалестински пост на социјалните мрежи со цитат од Куранот.
„И немојте да мислите дека Алах не обрнува внимание на она што го прават злосторниците. Тој ги чува само до денот кога очите ќе им замрзнат од страв“, напиша Мазрауи.
Сега објасни што сакаше да каже.
„Навистина е разочарувачки што морам да ги објаснам моите верувања. Тоа доведува до ситуација во која се убиени илјадници невини луѓе. Мојот став е дека ќе работам за мир и правда во светот, така што секогаш ќе бидам против сите форми на тероризам, омраза и насилство. Јас секогаш ќе бидам на оваа позиција, па не разбирам зошто луѓето мислат спротивно од мене и зошто јас сум поврзан со групи на омраза. Во овој ужасен конфликт, невини луѓе умираат секој ден. Сите ние треба да бидеме против ова и да зборуваме против оваа ситуација. Тоа што се случува е едноставно нехумано“, изјави Мазрауи, цитиран од „Билд“. И нагласи дека не сакал никого да навреди или повреди.
Сепак, неговите зборови не им се допаднаа на сите. Некои одат дотаму што сакаат да го протераат од Германија.
„Драг Баерн, ве молам веднаш исфрлете го од клубот. Згора на тоа, треба да се искористат сите државни опции за да се избрка од Германија“, изјави германскиот политичар Јоханес Штајнигер.
Мазрауи долго време беше член на Ајакс. Пред една година тој дојде во Баерн како слободен играч. Тој оваа сезона одигра девет натпревари за баварскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
