Connect with us

Матијас Суле е херојот на Рома (ВИДЕО)

Рома ја запиша четвртата победа во последните пет натпревари во Серија А, триумфирајќи на гостувањето кај Парма со 0-1. Херој на „волчицата“ беше Матијас Суле, кој во 33. минута со маестрален слободен удар ја затресе мрежата на домаќините.

Само две минути пред голот, Парма остана со играч помалку, откако Џовани Леони доби црвен картон.

Тимот на Фабио Пекија се наоѓа во сериозна криза, бидејќи ова беше нивниот четврти последовен неуспех во првенството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови