Connect with us

Мартинез: Загубивме од Франција на суров начин

Белгија доживеа пораз од Франција (2-3) на неверојатен начин во полуфиналето од Лигата на нации во Торино. „Триколорите“ славеа иако „црвените ѓаволи“ на полувреме имаа голема предност од 2-0.


Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, вели дека фудбалерите прерано почнале да размислуваат за финалето.

„Првото полувреме беше фантастично. Игравме со голема самодоверба. Во второто, бевме вознемирени, како да почнавме да размислуваме премногу за финалето во тие моменти. Мислевме дека веќе сме се квалификувале. Дозволивме Франција да се врати и да не победи“, изјави Мартинез.

Победничкиот гол на Франција го постигна Тео Хернандез во 90. минута, откако само една минута претходно не беше признат голот на Ромелу Лукаку поради минимален офсајд.

„Ова е суров начин да загубиш. Тешко е да се прифати таков пораз. Сепак, мора да се свртиме кон мечот за третото место против Италија и сите следни натпревари до Светското првенство во Катар следната година. Има уште 13 месеци, секој натпревар е можност да се подобриме“, изјави селекторт на Белгија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови