Connect with us

Марсијал опериран, ќе паузира до април

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, успешно е опериран, соопшти премиерлигашот. Тој имал операција на препоните, а рехабилитацискиот процес ќе трае околу два и пол месеци.


Французинот нема играно за „црвените ѓаволи“ од 9 декември минатата година, кога забележа 56 минути во поразот од 3-0 од Борнмут во Премиер – лигата.

Според Манчестер Јунајтед, напаѓачот, кој има два гола и две асистенции на 19 натпревари оваа сезона, ќе помине околу 10 седмици во опоравување.

28-годишниот Марсијал се пресели на „Олд Трафорд“ во летото 2015 година од францускиот Монако. Тој има уште помалку од половина година од актуелниот договор со Манчестер Јунајтед, а клубот има опција да го продолжи до летото 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови