Connect with us

Марсијал од јануари во Њукасл?

Новите инвеститорите од Саудиска Арабија кои го презедоа Њукасл веднаш ќе вбризгаат околу 200 милиони евра за трансфери и може да се очекува голем потрес на пазарот во зимскиот преоден рок. Една од првите желби на англискиот премиерлигаш е голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, но исто така Њукасл ќе „напаѓа“ и во Премиер – лигата.


Антони Марсијал, францускиот интернационалец кој паѓа во втор план по доаѓањето на Кристијано Роналдо, би можел уште во јануари да се пресели на „Сент Џејмс парк“. 25-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед е во немилост на Оле Гунар Солскјер во последните две сезони, а со доаѓањето на Санчо и на Роналдо, стана јасно дека неговите денови на „Олд Трафорд“ се при крај. Следна дестинација би можел да биде токму Њукасл.

Неговиот договот има важност до јуни 2024 година, а вредноста на пазарот му изнесува околу 35 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови