Connect with us

Марота ќе го прави Интер на српски погон

Италијанскиот калчолигаш Интер сака да се засили во зимскиот преоден рок со двајца фудбалери од репрезентацијата на нашиот северен сосед. Тренерот Симоне Инзаги им фрли око на двајца офанзивни фудбалери ос селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси и побара од директорот Марота да ги доведе во Интер. Се работи за Филип Костиќ и за Лука Јовиќ.

Костиќ беше во преговори со Лацио, но сега во преден план е негов трансфер во Интер. Италијанците ќе платат само 10 милиони евра отштета со оглед дека тој влезе во последната година од актуелниот договор со Ајнтрахт Франкфурт.

Лука Јовиќ речиси и да нема минутажа во Реал Мадрид и сака да си замине, а Интер за него ќе биде добра опција. Тој би требало да биде наследникот на Един Џеко.

Интер ќе го обезбеди и голманот Андре Онана од Ајакс, тој треба да ја преземе позицијата на голот од ветеранот Самир Хандановиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови