Генералниот директор на Интер, Бепе Марота, призна дека неуспехот да го донесе Ерлинг Халанд во Јувентус е едно од најголемите разочарувања во неговата кариера.
Марота работеше осум години како спортски директор на гигантот од Торино, беше блиску до доведување на Халанд во клубот, но на крајот зделката не се остварила поради финансиски причини.
„Многу се каам. Халанд можеше да му се приклучи на Јувентус за само 3 милиони евра. Во такви случаи, треба да имате моќ да го надминете буџетот кога ќе ви кажат дека тој е талент кој мора да биде потпишан. Овде доаѓа финансиската креативност за извршување на операцијата. Халанд сега е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Може ли да дојде во Италија сега? Апсолутно не“, изјави Марота.
Јувентус го следел Халанд додека тој играше во Молде пред да се пресели во австрискиот Салцбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













