
Скопје оствари голема победа над Охрид (2-0) на домашен терен и го официјализира враќањето во елитата. Тимот на Љупчо Марковски надмоќно го освои првото место во Втората лига Запад оваа сезона. Тој вели дека честитките одат на адреса на фудбалерите.
„Честитки за фудбалерите за игрите низ текот на целата сезона. Скопје покажа дека е најквалитетен тим во Втората лига Запад и тоа две сезони последовно. Токму затоа мислам дека повеќе од заслужено се враќаме меѓу најдобрите. Остануваат уште две кола, ќе ги одиграме во наш стил, без никакви калкулации“, изјави Љупчо Марковски Калц, предводникот на ФК Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
