Манчестер Јунајтед би можел следната сезона да го доведе Марко Ројс од Борусија Дортмунд. На 33-годишниот офанзивец на „милионерите“ актуелниот договор со германскиот клуб му истекува на крајот од оваа сезона, а неговиот менаџер веќе одржал неколку разговори со клубот од „Олд Трафорд“.
Во својата кариера, Ројс играше само за три клуба. Професионалната кариера ја започна во Рот Вајс Ален, потоа играше за Борусија Менхенгладбах, а потоа дојде во Борусија Дортмунд во 2012 година.
Сезонава постигна три гола со четири асистенции за „жолто-црните“ од Дортмунд, додека за Борусија одигра вкупно 252 првенствени натпревари и постигна 110 гола.
Тој требаше да патува на Светското првенство чиј домаќин беше Катар, но не беше во германската репрезентација поради повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













