Марио Балотели размислува да ja напушти Џенова само два месеци откако потпиша договор со италијанскиот клуб. Напаѓачот не е задоволен од малата минутажа и најверојатно ќе го раскине договорот предвреме.
Во октомври, ексцентричниот фудбалер потпиша со Џенова како слободен играч до крајот на сезоната. Сепак, досега Балотели има одиграно вкупно 58 минути и тоа како резерва.
Во договорот меѓу Балотели и Џенова постои клаузула која му дозволува на играчот да ги раскине односите со клубот во било кое време.
Во меѓувреме, се шпекулира дека Балотели е цел на мексиканскиот клуб Круз Азул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal