Connect with us

Мануел Нојер се ожени со 23-годишна одбојкарка

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, се ожени со ракометарката Аника Бисел, пренесува „Билд“. Според изворот, венчавката се одржала во тесен круг.


23-годишната Германка на својот профил на социјалните мрежи го смени презимето. Забележано е дека девојката е бремена и очекува бебе со Мануел Нојер напролет.


Во декември 2022 година, 37-годишниот Нојер се здоби со скршеница на ногата додека беше на скијање по завршувањето на Светското првенство во Катар.


Тој беше успешно опериран и го пропушти остатокот од сезоната 2022/23. На 28 октомври Мануел Нојер се врати на терените 10 месеци подоцна во натпреварот од деветтото коло на Бундес – лигата против Дармштад (8-0).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови