
Напаѓачот Борче Маневски се врати во второлигашот Пелистер и ќе биде големо засилување за битолскиот тим во обидот за враќање во Првата лига. Нови имиња се и Мирко Симјановски од Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа, а тимот на Дарко Крстески го напуштија Ристе Марковски, Ристе Илиовски, Јовче Трајковски и Петар Љамчевски.
Кадровски Пелистер е засилен со Пеце Коруновски на позицијата спортски директор, а составот почна со летните подготовки.
„Почнуваме со лесни тренинзи денеска и утре, а од петок следи двојна програма. Имаме време, нема да се форсираме, но ако сакаме Прва лига, таа сега се сработува, во подготвителниот период, оти кога ќе дојдат натпреварите – ќе биде доцна. Пелистер ќе работи во Битола, ќе одигра пет пријателски натправари, дел од нив најверојатно во Охрид“, изјави тренерот Дарко Крстески.
Фото: www.bitolanews.mk

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
