Вардар едвај ги почна зимските подготовки и речиси неподготвен ќе влезе во пролетната полусезона, а на самиот старт го очекува „вечното дерби“ против Пелистер. Капитенот на битолскиот прволигаш Борче Маневски, кој во минатото го носеше и дресот на Вардар, вели дека тој и соиграчите нема да се залажат дека ќе биде лесно затоа што „црвено-црните“ се во незавидна финансиска ситуација.
„Имав чест да играм за двата клуба, ги носев и двата дреса. Ние не размислуваме за финансиската ситуација во Вардар. Верувам дека со компактна игра и со индивидуален натпревар ќе го добиеме ова дерби“, вели Маневски.
Искусниот напаѓач смета дека Пелистер е добро подготвен за пролетниот дел од шампионатот.
„Имавме две фази на подготовки, кондициски во Битола, па во Струга одигравме неколку пријателски натпревари. Мислам дека сме добро подготвени за ова неделно дерби. На овој натпревар не влијае подготвеноста. Победникот во дербито ќе го реши мотивот, желбата. Екипата која ќе ги искористи шансите, ќе се радува“, потенцира капитенот на Пелистер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













