Англискиот првак Манчестер Сити подготвува голем трансфер следното лето, а цел е Килијан Мбапе, тврдат медиумите на Островот. Сити беше во потрага по нов напаѓач по заминувањето на Серхио Агуеро, а прва желба на Пеп Гвардиола беше Хари Кејн. Но, Тотенхем ги одби сите понуди, по што клубот од Манчестер преговараше со Кристијано Роналдо, кој на крајот се пресели од Јувентус на „Олд Трафорд“.
Реал Мадрид се обиде да го донесе Мбапе ова лето и понуди околу 200 милиони евра за него, но ПСЖ одби, иако договорот на одличниот француски напаѓач во овој клуб истекува во јуни следната година.
Затоа, веќе се предвидува дека Мбапе ќе заврши во Реал, клуб за кој навива уште од детството. Но, сега Манчестер Сити се вклучува во трката, со оглед дека се уште бара нов напаѓач. Шеикот Мансур, сопственикот на Сити, дал зелено светло неговиот клуб да тргне по Мбапе, со кого ќе може да преговара уште во јануари, доколку дотогаш не го продолжи договорот со ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













