Connect with us

Манчестер Сити постави уникатен рекорд во Лигата на шампионите

Победата на Манчестер Сити од 3-1 над данскиот ФК Копенхаген ги квалификуваше „граѓаните“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и му помогна на тимот да испише историја со уште едно достигнување. Сити е првиот клуб кој постигнал најмалку три гола на девет последовни натпревари во европските клупски натпреварувања.


Тимот на Пеп Гвардиола е актуелен носител на трофејот и нема пораз во натпреварувањето од мај 2022 година, кога драматично беше исфрлен од Реал Мадрид во полуфиналето. Во следните 21 натпревар, „граѓаните“ немаат пораз.

Оваа сезона Манчестер Сити ги доби сите шест натпревари во групната фаза (3-1 и 3-2 против Црвена Звезда, 3-0 и 3-1 против Јанг Бојс, 3-2 и 3-1 против Лајпциг), а по двапати го победи ФК Копенхаген во осминафиналето со 3-1.

Англискиот клуб во последните седум години постојано се квалификува за четвртфиналето на Лигата на шампионите. Серијата започна по 2017 година, кога Манчестер Сити беше елиминиран во осминафиналето од Монако по вкупниот резултат 6:6 и повеќе голови на гости за францускиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови