Италијанскиот калчолигаш Милан доби официјална понуда од Манчестер Сити за играчот од средниот ред Тијани Рејндерс. „Граѓаните“ нудат околу 60 милиони евра, вклучувајќи бонуси, за холандскиот репрезентативец, пренесуваат италијанските медиуми.
„Росонерите“ бараат повисока сума за да се разделат со еден од своите најдобри фудбалери. Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат.
Рејндерс е една од главните трансферни цели на Манчестер Сити. Пеп Гвардиола има намера да изгради нов состав, а Холанѓанецот е меѓу неговите клучни приоритети.
Договорот на Тијани Рејндерс со Милан важи до летото 2030 година.
Во минатата сезона, играчот од средниот ред постигна 15 голови и забележа пет асистенции на 54 натпревари за „росонерите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













