Манчестер Сити подготвува сензационална понуда за младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал трансфер. Англискиот шампион, предводен од Пеп Гвардиола, ќе се обиде да го ангажира суперталентираниот Јамал и подготвен е да плати 275 милиони евра.Тоа би бил нов светски рекорд за најголем трансфер во историјата, доколку се реализира.
Иако има само 17 години, крилниот напаѓач веќе е клучен играч и за Барселона и за шпанската репрезентација. Во тековната сезона, Лакин Јамал има постигнато 13 голови и 20 асистенции во сите натпреварувања, покажувајќи неверојатна зрелост и класа на теренот. Каталонците се на врвот на табелата во Ла Лига со четири бода пред Реал Мадрид, а ќе се сретнат и со „кралскиот клуб“ во финалето на Копа дел Реј подоцна овој месец.
Јамал ќе има клучна улога и во пресметките со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ подготвуваат вртоглава понуда од 275 милиони евра за да ја убедат Барса да го продаде својот бисер. Доколку трансферот се реализира, Ламин Јамал ќе стане најскапиот фудбалер во историјата, надминувајќи ги досегашните рекорди – 222 милиони евра платени за Нејмар од ПСЖ во 2017 година, и рекордот во Премиер – лигата на Моисес Каиседо (115 милиони фунти од Брајтон во Челси).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













