Англискиот првак Манчестер Сити ја следи ситуацијата околу играчот од средниот ред на Баерн Минхен. „Граѓаните“ се подготвени да се обидат да го ангажираат 28-годишниот Германец во летниот преоден рок.
Баерн Минхен би можел да го продаде играчот од средниот ред, доколку одбие да го продолжи актуелниот договор, кој сега има важност до крајот на јуни 2025 година.
Џошуа Кимих, кој е проценет на над 75 милиони евра, игра за Баерн Минхен од јули 2015 година. Оваа сезона фудбалерот од средниот ред постигна еден гол и забележа шест асистенции на 23 натпревари за Баерн Минхен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski