Фудбалерот на Џирона, Савио Мореира, на лето ќе се пресели во Манчестер Сити. Англискиот првак го препозна квалитетот на одличнјот крилен напаѓач и ќе го доведе на „Итихад“.
Џирона е најголемиот хит оваа сезона во најдобрите европски лиги. Каталонскиот тим моментно е второпласиран во Ла Лига и има два бода помалку од Реал Мадрид и шест повеќе од Барселона.
Најопасен нивен играч е Бразилецот Савио Мореира (19), кој моментално е позајмен од францускиот второлигаш Троа.
Одличното лево крило на 27 натпревари постигна седум гола и асистираше седум пати. Одличната техника и брзината на Савио го прават незапирлив оваа сезона. Неговиот развој внимателно го следи Манчестер Сити и постојат сите шанси Савио да игра под водство на Пеп Гвардиола почнувајќи од следната сезона.
Медиумите на Островот тврдат дека е постигнат договор и дека сѐ треба да биде потпишано деновиве. Савио имаше неколку понуди од Германија и од Англија, но реши да остане во групацијата на Сити.
Џирона стана дел од групацијата на Сити во 2017 година. УЕФА тогаш дозволи една групација да поседува повеќе од еден клуб во европскиот фудбал. Оттогаш, сопствениците на Сити финансиски и кадровски го поддржуваат овој помал каталонски прволигаш.
Шеикот Мансур бин Зајед ал Нахајан и Калдун Мубарак ја основаа „Сити Фудбал Груп“ и станаа првиот клуб што го купи Манчестер Сити. Тие го направија тимот од „Итихад“ најсилен во светот и најтрофеен во последните десет години.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski