Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити нанижа неверојатни 18 победи во натпреварувањата на Островот, се одлепи на врвот на табелата во Премиер – лигата, но раководството на клубот и Пеп Гвардиола знаат дека Лигата на шампионите е сосема друга димензија. И токму затоа со должно внимание и респект кон ривалот Борусија Менхенгладбах приоѓаат на вечерашниот прв меч од осминафиналето кој ќе се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Борусија Менхенгладбах е во лоша форма, тренерот Марко Росе најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната и ќе се пресели во Борусија Дортмунд, а тимот загуби дома од Мајнц пред соочувањето со „граѓаните“.
Тимот на Гвардиола ја сочува мрежа на осум од последните 10 натпревари во Премиер – лигата. Тоа е нов голем адут во играта на Манчестер Сити. Сепак, шпанскиот стратег знае дека нема да биде лесно да се победи германски тим.
„Борусија Менхенгладбах е квалитетен тим и ние мора да бидеме максимално внимателни. Серијата победи нема да значи ништо ако не го одиграме вечерашниот меч на потребното ниво“, изјави Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













