
Во 2023 година, Рандал Коло Муани беше еден од најбараните напаѓачи во Европа. Тогаш играше за Ајнтрахт Франкфурт, но во септември реализираше огромен трансфер во ПСЖ. Парижаните платија 95 милиони евра на германскиот клуб, а Муани потпиша петгодишен договор.
Денес, Муани е на излезни врати од ПСЖ, кој му дозволи слободно да бара нов клуб. Французинот досега одигра 54 натпревари за клубот, постигнувајќи 11 голови и асистирајќи за уште седум, ефект кој раководството на ПСЖ не го смета за задоволителен.
Според англискиот портал „TEAMtalk“, фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед, но интерес покажува и Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
