Connect with us

Манчестер Јунајтед урна неколку рекорди со епскиот пресврт против Лион

Манчестер Jунајтед и Лион одиграа епска четвртфинална пресметка во Лига Европа која веќе влезе во историјата на европскиот фудбал. Двата тима создадоа невидено шоу, а нивниот реванш на „Олд Трафорд“ стана прв натпревар со пет голови во продолженијата на еден европски куп.

По 2-2 во регуларниот дел – идентичен резултат како и на првиот натпревар во Франција – следуваа уште 30 минути драма, во кои гостите од Лион повторно израмнија во финишот и дури поведоа со 2-4.

Головите на Рајан Черки и Александар Лаказет ја доведоа екипата на Пауло Фонсека на чекор до полуфинале. Но, тогаш следуваше неверојатен пресврт од домаќините. Бруно Фернандеш, Коби Мејно и Хари Мегваер постигнаа три гола во последните минути, носејќи победа од 5-4 за „црвените ѓаволи“ и пласман меѓу најдобрите четири, каде ќе играат против Атлетик Билбао.

Овој натпревар донесе и уште еден историски момент – Манчестер јунајтед стана првиот тим што постигнал два гола по 120-тата минута на еден европски натпревар. Прецизни беа англиските репрезентативци Мејно и Мегваер.

Ова беше и првпат од 1958 година Манчестер Јунајтед да победи на натпревар со резултат 5-4 – тогаш против Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови