Connect with us

Манчестер Јунајтед се договорил со Гакпо и со Антони, сега преговара со Ајакс и со ПСВ Ајндховен

Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови со ѕвездата на ПСВ Ајндховен, Коди Гапко, иако се уште нема договор меѓу двата клуба околу висината на евентуалниот трансфер.


„Црвените ѓаволи“ дадоа понуда од 34 милиони фунти за крилниот напаѓач, но понудата не се совпадна со ставот на ПСВ за 23-годишниот фудбалер.

Според холандските медуми, „филипсовците“ бараат најмалку 42 милиони фунти за да го пуштат Гакпо во Премиер – лигата.

Воедно, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, сака да ја привлече ѕвездата на Ајакс, Антони, на „Олд Трафорд“, откако и тој се договорил со Бразилецот за неговите лични услови. 22-годишниот крилен напаѓач се согласи да потпише петгодишен договор, а Јунајтед за неговите услуги нуди околу 90 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови