Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед на местото на Кристијано Роналдо, тврди „Мирор“.
„Црвените ѓаволи“ планираа голема понуда за следното лето кога ќе истече договорот на Роналдо со клубот. Сепак, огромниот скандал што го предизвика Португалецот со интервјуто со Пирс Морган може да го натера англискиот тим да се обиде да го забрза трансфер процесот.
Манчестер Јунајтед има доволно финансиска моќ за да плати за 23-годишниот Французин 150 милиони фунти, како и да му плаќа 500.000 фунти неделно – исто колку што заработува 37-годишниот Португалец.
Медиумите на Островот се обединети во шпекулациите дека Роналдо речиси сигурно ќе го напушти тимот најдоцна во јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













