Манчестер Јунајтед подготвува втора понуда за Патрик Доргу, откако Лече ја одби првата понуда на „црвените ѓаволи“ за дефанзивецот, која беше вредна 23 милиони фунти, плус бонуси. Италијанскиот клуб сака околу 33 милиони фунти (40 милиони евра) и иако Јунајтед не се очекува да ја достигне таа сума, тие ќе упатат подобрена понуда.
Претседателот на Лече, Стики Дамијани вчера потврди дека им кажал на претставниците на Манчестер Јунајтед дека сакаат да го задржат 20-годишниот Данец.
Дваесеткратниот шампион на Англија секако планира да ангажира нов лев бек кој може да игра и како крилен напаѓач во актуелниот трансфер прозорец. Другите две опции се Милош Керкез од Борнмут и Нуно Мендеш од Пари Сен Жермен, но во моментов фокусот е ставен на Доргу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













