Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед испратил понуда до Барселона за стоперот Роналдо Араухо. Сепак, челниците на Јунајтед го добиле истиот одговор како и Баерн Минхен – во зимскиот преоден рок потребно е да се платат 80 милиони евра за уругвајскиот репрезентативец.
Проблемот е што Араухо сака да остане во Барселона и засега не сака да го напушти клубот. Сепак, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен сигурно нема да се откажат од трката по Араухо и ќе се обидат да го доведат барем на лето.
Араухо оваа сезона забележа 20 настапи и постигна еден гол за каталонскиот тим. Неговиот договор со Барселона е со важност до летото 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













