Connect with us

Манчестер Јунајтед го става Рафаел Варан на трансфер-листа

Иднината на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан, станува сѐ понеизвесна. 30-годишниот Французин го мачеа повреди и го загуби своето стартно место во тимот на Ерик тен Хаг, кој од неодамна претпочита да се потпира на Хари Мегваер и на Џони Еванс во центарот на одбраната.

По лошиот почеток на сезоната, на „Олд Трафорд“ сигурно ќе има многу промени во јануари, а тие би можеле да влијаат и на искусниот централен дефанзивец.


Информациите од Манчестер Јунајтед се дека одлуката да се задржи Варан на клупата е тактичка. Во моментов клубот е презадоволен од настапите на Хари Мегваер. По повредата на Џони Еванс, сигурно Варан ќе добие повеќе шанси. Сепак, доколку во клубот пристигне сериозна понуда за него, ситуацијата во јануари е целосно отворена.

Манчестер Јунајтед сака да потпише нов централен дефанзивец, но сѐ зависи од опциите што ќе ги има на пазарот. Желбата на „црвените ѓаволи“ е Жан-Клер Тодибо од Ница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови