
Раководството на Манчестер Јунајтед го отпушти менаџерот на тимот Ерик тен Хаг, објави клубот на својата официјална веб-страница. Неговото место ќе го заземе асистентот Руд ван Нистелрој, кој бил замолен да остане и привремено да го преземе тимот. Целиот стручен штаб исто така останува засега, а од „Олд Трафорд“ најавуваат дека започнува процесот на пронаоѓање нов постојан менаџер.
Тен Хаг бил информиран за одлуката утринава.
Вчера „црвените ѓаволи“ го претрпеа четвртиот пораз во Премиер – лигата од почетокот на сезоната и се наоѓаат на 14. место по девет одиграни кола.
Во Лига Европа, Манчестер Јунајтед е на 21. место од 36 екипи, откако забележа нерешени резултати во првите три натпревари. Вкупно, 20-кратните шампиони имаат само четири победи во 14 натпревари во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
Оваа недела тимот има два важни натпревари, осминафинале против Лестер за „Карабао купот“ и дуел со Челси во првенството. Двете средби се на „Олд Трафорд“.
Уште летово се шпекулираше дека 54-годишниот поранешен тренер на Ајакс ќе биде отпуштен, но триумфот против Манчестер Сити во финалето на ФА Купот изгледа се покажа како клучен за тој да го задржи своето место, иако тимот заврши на осмото место во Премиер – лигата. Тогаш клубот го продолжи договорот на Тен Хаг за уште една година – до јуни 2026-та.
Во првите две репрезентативни паузи од почетокот на сезоната повторно имаше гласини дека Холанѓанецот ќе биде отпуштен, но тој секогаш успеваше да опстои.
Тен Хаг помина две и пол години на „Олд Трафорд“. Во тој период освои „Карабао куп“ и ФА Куп.
Во последните денови во Англија се појавија информации дека клубот преговара со поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез, како и со уште неколку кандидати за позицијата. Рубен Аморим, Един Терзиќ и Томас Франк исто така се меѓу споменуваните имиња.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
