Connect with us

Манчестер Јунајтед го носи Жоао Феликс на „Олд Трафорд“?

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Тотенхем во дербито на Премиер – лигата, а сега им следи дерби против Челси. Менаџерот Ерик тен Хаг имаше проблеми со Кристијано Роналдо и ги реши со суспензија, а се чини дека клубот од „Олд Трафорд“ размислува и за негова замена.


Ѕвездата на „ѓаволите“, Кристијано Роналдо, одби да влезе во игра, поради што беше суспендиран. Летово имаше сага околу неговото заминување и желбата да игра во Лигата на шампионите.

Според шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед веќе нашол замена за Португалецот. Тоа е неговиот сонародник Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, кој ќе се обиде да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок.

Младиот напаѓач (23) сезонава забележа само три асистенции на 12 натпревари, но паузираше и поради повреда на мускулот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови