Connect with us

Манчестер Јунајтед го доведе Џек Батланд

Манчестер Јунајтед го ангажираше Џек Батланд, официјално потврдија од клубот. Голманот пристигнува од Кристал Палас на позајмица до крајот на јуни без опција да го откупи. „Црвените ѓаволи“ беа принудени да земат нов чувар на мрежата откако Њукасл реши да го отповика Мартин Дубравка назад на „Сент Џејмс Парк“.


Батланд (29) има 87 настапи во Премиер – лигата и 9 натпревари во дресот на Англија.

„Тоа е неверојатен клуб и горд сум што го претставувам. Со нетрпение ја очекувам иднината и можноста да работам со оваа неверојатна група голмани кои се поддржуваат секој ден за да создадат најдобра средина за тренирање. Сум се соочил со Давид Де Хеа и сум бил во репрезентацијата со Том Хитон. И двајцата се голмани од врвна класа и ќе уживам во можноста да ги поддржувам моите соиграчи, но и да се натпреварувам еден против друг. Овој тим може да постигне многу до крајот на сезоната и јас сум многу возбуден што ќе бидам дел од него“, изјави Батланд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови