Connect with us

Манчестер Јунајтед е должен преку една милијарда долари

Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозни проблеми кога станува збор за финансиската структура на клубот.

Под вратите на „Олд Трафорд“, таму каде бројките не ја почитуваат традицијата и каде историјата понекогаш отстапува пред сметките, Манчестер Јунајтед се соочува со суровата реалност: долгот ја надмина границата од милијарда долари!

Сето тоа се случи поради летото во кое клубот повторно се задолжуваше за да купува, инвестирајќи во играчи додека книгите се полнеа со црвено мастило.

Во извештај објавен во четвртокот, како испишан на хартија од ера која трае предолго, стои дека планината долгови, подигната на темелите на преземањето од семејството Глејзер, пораснала на 481 милион фунти.

Но, вистинскиот удар дојде кога клубот се посегна по уште 105 милиони фунти од реверзибилна кредитна линија – пари кои се земаат лесно, но многу тешко се враќаат.

Со тоа, вкупниот долг на Јунајтед ја надмина границата која дури и најтврдите сметководители ја сметаат за застрашувачка: нето обврски од 749 милиони фунти, сума која во долари ја пресекува границата од една милијарда како ладен нож низ историјата на клубот.

Историјата е важна, затоа што Глејзер дојдоа пред дваесет години во клуб кој дури и немаше половина фунта долг. Денес тие носат цела планина.

Во февруари 2024 година, како да се бараше нова енергија, во клубот влегува „Инеос“, предводен од сер Џим Ретклиф, човек чие финансиско влијание зборува повеќе од било која парола.

Тие купија 27,7% од клубот, платиле 1,3 милијарди фунти и веднаш започнале со намалувања, штедење и „чистка“. Намалувањата се болни, но, како што тврдат, лекуваат.

И покрај рекордниот долг, Берада, човек чиј збор мора да се мери, тврди дека клубот „напредува“. Тоа се гледа во првата оперативна добивка по долго време, и тоа во сезона без Европа. Резултатот од 13 милиони фунти звучи скромно, но во контекст на минусот од минатата година носи мала надеж.

Сепак, приходот опаднал – без европски ноќи, бројките на касата паднаа на 140,3 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови