
Давид Алаба направи важен чекор кон враќањето на теренот, откако денеска дефанзивецот започна тренинзи со топка. Австриецот нема одиграно натпревар од 17 декември 2023 година, кога ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, што го зафати и менискусот.
Тоа се случи на натпреварот од Ла Лига против Вилјареал, кој Реал Мадрид го доби со 4-1. Потоа Алаба помина низ две операции на коленото. За првпат по тој тежок момент, денеска 32-годишниот фудбалер изведуваше вежби со топка во тренинг базата на Реал Мадрид.
Првичните прогнози беа дека Алаба ќе се врати во игра во октомври, но неговото заздравување се одложи, а се појавија и шпекулации дека компликациите со повредата може да му ја завршат кариерата. За среќа, тоа се покажа како претерување.
Кога ќе се врати на теренот, Давид Алаба ќе биде буквално како ново засилување за Карло Анчелоти, кој има големи проблеми со одбраната.
Другата добра вест за Реал Мадрид е дека Федерико Валверде ќе биде на располагање на Италијанецот за натпреварот со Осасуна. Тој имаше проблеми со грбот, поради кои беше заменет на полувремето од натпреварот со Милан, но сега е целосно подготвен за настап.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal