Младинскиот репрезентативец Методи Максимов е нов член на Шкендија. Тој потпиша договор на 3,5 години со тетовскиот клуб.
„Голема чест е да се биде дел од составот на Шкендија, се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, изјави Максимов по потпишувањето на договорот.
Работнички на официјалниот сајт се збогува со досегашниот фудбалер и младински репрезентативец.
„ФК Работнички му се заблагодарува на Методи Максимов за секој момент, секоја емоција, секоја минута во дресот на нашиот клуб. Благодариме за сѐ Метка, многу среќа и успех во понатамошната кариера!“, објави ФК Работнички.
Максимов во есенскиот дел од првенството одигра 14 натпревари за Работнички, вкупно 1164 минути и постигна три гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













