
Беласица не се предава, иако ќе биде екстремно тешко да се избегне најлошото и да се обезбеди опстанок. Но, тоа не значи и дека Андреј Чернишов и фудбалерите на струмичкиот тим не треба да се обидуваат и да се борат до крај.
Беласица го изненади Шкупи на гости совладувајќи го со 0-1, а тоа е прв триумф за Андреј Чернишов откако дојде на клупата. Успеа да ги затвори приодите кон сопствениот гол, а уште во раната фаза Бенјамин Демир постигна гол за водство.
Андреј Чернишов со овој триумф го заслужи епитетот најдобар тренер во 27.коло од Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Следниот предизвик за Беласица е лидерот Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
