Силекс има квалитетен тим, но ретко кој ќе ставеше рака пред почетокот на сезоната дека по 15 кола ќе биде лидер на табелата. Кратовскиот тим игра одлично, успеа да го освои и Чаир, а се наоѓа во водечкото трио заедно со Шкендија и со Гостивар.
Напорната работа на Александар Васоски дава ефект, а преку играта на тимот се гледа и неговата фудбалска идеја, цврста одбрана, тркачки расположен среден ред, крилни играчи кои секогаш знаат да го пробијат противникот и робусни напаѓачи кои на крајот ќе ја ефектуираат тимската работа со гол.
МАКФУДБАЛ го избра Александар Васоски за најдобар тренер на 15.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













