Шкендија е на чекор до нова шампионска титула, Гоце Седлоски ја оствари дебитанската победа на клупата на Шкупи, а Македонија ЃП освои важен бод на арената против Работнички и има пол-позиција за третото место. Струга Трим Лум лесно го доби Пелистер и се уште има надежи за излез во Европа.
Ренова оствари супер-важна победа во трката за опстанок, а Александар Васоски со Академија Пандев глатко го победи „својот“ Вардар. Ќе биде жестоко во битката за опстанок до самиот крај, а Вардар е силно во вртлогот.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 28.коло во Првата фудбалска лига.
- КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
Ја сочува мрежата во Велес, делуваше сигурно, а Шкупи ја оствари првата победа под водство на Седлоски. - БАШКИМ ВЕЛИЈА (РЕНОВА)
Одигра квалитетен натпревар, сигурен во одбраната, амбициозен и во офанзивните задачи. - НЕТО (ШКУПИ)
Стандардно добар во дефанзивата, а „скокна“ и до нападот да го постигне победничкиот гол за Шкупи во Велес. - ФЕРНАНДО АУГУСТО (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Постигна прекрасен гол од слободен удар и одигра одличен меч против Работнички. - ЃОРЃИ СТОИЛОВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Беше една од доминантните фигури во средниот ред на Академија Пандев, постигна и гол против Вардар. - ФЉАМУР ТАИРИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Капитенот на стружани го диктираше ритамот на играта на тимот во убедливиот триумф над Пелистер, постигна и еден погодок. - ФАТЈОН ЈУСУФИ (РЕНОВА)
Одигра многу квалитетно, постигна прекрасен гол против Силекс, во директна орба за опстанок. - ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Големиот талент потсети на сиот свој раскош. Одличен во средниот ред на Работнички, но и стрелец на гол против Македонија ЃП. - РОБСОН ДА СИЛВА (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Постигна прекрасен гол со удар од далечина против Работнички, еден од неговите специјалитети. - МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Игра во врвна форма во последните неколку кола, повторно беше одличен, постигна супер-гол со удар со глава против Македонија ЃП. - РУБИН ХЕБАЈ (ШКЕНДИЈА)
Напаѓачот на Шкендија го отвори резултатот против Беласица, беше перманентна опасност по голот на домаќинот.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЌАТИП ОСМАНИ (РЕНОВА)
Пронајде начин како Ренова да го надигра Силекс и да оствари многу важна победа во трката за опстанок. Ги мотивираше максимално своите фудбалери кои постигнаа два гола во првиот дел и го контролираа резултатот се до самиот финиш.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski