
Нови победи за Струга Трим Лум и Борец Велес и во 23. коло во двете второлигашки конкуренции, по кои се издвојуваат на патот кон Првата лига. Во дербито на Истокот, Тиквеш го победи Кит Го со 3-2, а значајна гостинска победа запиша и Брегалница против Кожуф. Лабуништа и Пелистер ремизираа без голови.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 23. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ФИЛИП ТРАЈЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одличен на голот на битолчани на тешкото гостување против Лабуништа. Сигурен во неколку наврати, значаен за освоениот бод на тимот.
2. ДАРКО СИМЈАНОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Максимално активен на натпреварот, сигурен во дефанзивата но и постојано присутен за играта во средниот ред.
3. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Сигурен, цврст во играта во одбрана на штипјани кои стигнаа до значајна победа на гостувањето против Кожуф.
4. МАРТИН ПЕТРОВ (ПЛАЧКОВИЦА)
Натпревар без грешка за Петров кој го зачини и со погодок во убедливата победа против Вардар Неготино.
5. ЕРМИН АНРУШИ (СТРУГА ТЛ)
Одличен во дефанзивата за стружани кои нанижаа нова победа на патот кон Првата лига.
6. ТОНИ БРЊАРЧЕВСКИ (СКОПЈЕ)
Повеќе од квалитетен натпревар за Брњарчевски во убедливиот триумф на Скопје против Гостивар. Дуелот го зачини и со погодок.
7. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Најдобриот на терен во дерби пресметката на колото меѓу Тиквеш и Кит Го. Извонредно асистираше за првиот гол на домашните, а постигна и вистинско евро-гол со кој и дефинитивно се навести победата на кавадарчани.
8. ФЛАМУР ТАИРИ (СТРУГА ТЛ)
Творецот на победата на Струга ТЛ против Тетекс. Го постигна единствениот гол вреден три бода за стружани.
9. АЛЕКСАНДАР ЦЕЛЕСКИ (КОРАБИ)
Одличен натпревар за Целески кој одигра значајна улога, и со постигнат гол, во триумфот од 2-1 против Генч Калемлер.
10. РИСТЕ НАУМОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Веќе вообичаено постојано стрелец за својата екипа. Така беше и на гостувањето против Кожуф во Гевгелија. Го постигна првиот гол за штипјани со која се навести победата од 2-3 на Брегалница.
11. МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (БОРЕЦ)
Повеќе од расположен оваа пролет за голови. Нови два постигна и во победата од 6-0 против Каменица Саса.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Брегалница запиша повеќе од значајна победа на тешкото гостување против Кожуф во Гевгелија. Оваа победа ги остава шансите за штипјани и за втората позиција на табелата. Штерјовски тактички успеа да подготви игра вредна три бода во Гевгелија. Тимот и покрај стартната негатива успеа да покаже карактер и потоа да дојде до заслужен триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Евро-фудбал
Бешикташ го купува Давид Алаба?

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
