
По 22. коло во двете второлигашки конкуренции веќе се насетуваат и новите македонски прволигаши. Струга Трим Лум од Запад и Борец Велес по новите победи факт е дека се издвојуваат на патот кон Првата лига. Лабуништа, секако, во западната конкуренција не се предава така лесно, како и Тиквеш иако по ремито со Саса во Каменица освојување на првата позиција на Истокот ќе биде тешко. Во источната конкуренција во ова коло дербито се играше во Пехчево каде Кит Го славеше против Кожуф со 2-1.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 22. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ИЛЧЕ ПЕТРОВСКИ (СТРУГА ТЛ)
Голманот на стружани одличен на голот на гостувањето против Генч Калемлер, во кое Струга ТЛ стигна до значајна победа од 0-1.
2. КРЕНАР ВРЛАКУ (КОРАБИ)
Кораби стигна до триумф од 0-2 на гостувањето против Гоблен јуниор, а еден од најактивните во составот на гостите беше Врлаку, одличен во дефанзивата но и активен постојано во офанзивните задачи.
3. ИЛЕ СИНЕВ (КИТ ГО)
Најдобриот на теренот во дерби пресметката на пехчевци против Кожуф. Ја стартуваше одличната акција за почетно водство на Кит Го, а одлично реагираше со глава и за водството од 2-0. На сето тоа беспрекорен и во дефанзивните задачи.
4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (СТРУГА ТЛ)
Повторно беспрекорен во одбраната на Струга ТЛ, овој пат и човек на одлука за освојување на трите бода.
5. РИСТЕ ИЛИЈОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Стрелец на еден од двата гола за триумф на Пелистер против Скопје, а покрај тоа одличен во средниот ред на тимот.
6. ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ (БОРЕЦ)
Еден од најдобрите во триумфот на велешани од 0-4 на гостувањето против Вардар Неготино. Ги постигна првите два гола со кои се најави победата на лидерот во Втората лига – Исток.
7. ЕДИН МЕРСОВСКИ (КОРАБИ)
Одлично одигран натпревар заокружен и со погодок во триумфот на Кораби на гостувањето против Гоблен јуниор.
8. БОЈАН СПИРКОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Лабуништа ја продолжува трката за лидерската позиција на Западот благодарение на победата од 0-1 на гостувањето против Тетекс. А, творец на таа победа беше Спиркоски со голот на почетокот од вториот дел.
9. ЗОРАН ЗЛАТКОВСКИ (САСА)
Каменица Саса успеа да го изненади Тиквеш во меч со многу тензија. Златковски беше стрелецот на голот за домашните кој на крајот им донесе бод.
10. ИВЕ ТРИФУНОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Повторно расположен за голови. Стрелец во триумфот на штипјани против Детонит јуниор.
11. ЗОРАН АНДОНОВ (КИТ ГО)
Со убав погодок ја најави победата на Кит Го против Кожуф. Одлично реагираше на почетокот од мечот отворајќи го патот кон триумфот.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ДОБРИНКО ИЛИЕВСКИ – ПИЖОН (КИТ ГО)
Пет кола по доаѓањето на клупата на Кит Го е без пораз со три победи и две ремија. ФК Кит Го се врати со позитивниот ритам во шампионат, наметнувајќи отворена и офанзивна игра и во дерби пресметката против Кожуф која заврши со триумф на пехчевци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Јувентус е подготвен да го продаде Даглас Луиз

Евро-фудбал
„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
