
Натпреварите од 20. коло во второлигашката конкуренција повторно ги издвоија екипите кои нешто значат на домашната фудбалска сцена… Победи за Тиквеш, Кит Го, Брегалница на Истокот, но и за Струга ТЛ и Лабуништа на Западот. Во полошкото дерби, Тетекс и Гостивар ремизираа (1-1), а Пелистер се врати на победите триумфирајќи против Велазерими.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 20. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ГОРАН ТРАЈКОВСКИ (ПЛАЧКОВИЦА)
Квалитетна партија на голот на радовишани кои стигнаа до бод без голови против лидерот Борец Велес. А, Трајковски еден од најзаслужните за празната мрежа на Плачковица.
2. ХАСИП ЉОКИ (ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР)
Стандардно, позитивно издание на дефанзивецот на Генч Калемлер. Одличен во одбраната а активен и околу контролата на средината на теренот каде се кршеше резултатот против Скопје.
3. ДЕЈАН ЛЕСКАРОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Столбот во одбраната на Лабуништа. Повторно одличен на гостувањето против Гоблен јуниор за нова победа во трката за првата позиција на табелата.
4. МАРТИН ДИМОСКИ (КИТ ГО)
Повторно квалитетен натпревар за стандардниот дефанзивец на пехчевци. Овој пат одличното издание во одбраната го заокружи и со погодок во убедливата победа против Детонит јуниор.
5. МАРТИН ШИШКОВ (КОЖУФ)
Кожуф ниже победи во првенството, сега на гостувањето против Вардар Неготино во натпреварот во кој левокрилниот дефанзивец запиша и погодок.
6. МАРЈАН ТАШКОВ (ТИКВЕШ)
Комплетниот среден ред на Тиквеш одигра одлично во новата победа од 0-3 на гостувањето против Партизан Обршани. Дел од нив и Ташков кој одличното издание го заокружи и со погодок.
7. АБДУЛХАДИ ЈАХЈА (СТРУГА ТЛ)
Младиот фудбалер на стружани творец на победата на „жешкото“ гостување против Кораби во Дебар. Го постигна вториот гол за Струга ТЛ за триумф од 1-2.
8. ИВАН НАСТЕВСКИ (КИТ ГО)
Креаторот на играта на Кит Го. Ново одлично издание во дресот на пехчевци, постигнувајќи и прекрасен погодок за отворање на патот кон новиот триумф.
9. АЛЕКСАНДАР НЕДАНОСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Пелистер се врати на победите во шампионатот. А, стрелец на единствениот гол за победа против Велазерими и продолжување на битката за водечките две позиции на табелата е Неданоски.
10. ДЕЈАН ЦВЕТАНОСКИ (СТРУГА ТЛ)
Еден од најдобрите во тимот на Струга ТЛ во гостинската победа против Кораби. Стрелец и на првиот погодок за стружани.
11. ИГОР КЛЕЧКАРОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Лабуништа повторно е оној тимот од есенскиот дел од сезоната, нижејќи победи. А креатор на гостинската победа против Гоблен јуниор е Клечкароски кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЈЕТОН БЕЌИРИ (СТРУГА ТЛ)
По неубедливиот старт на пролетниот дел од сезоната, Струга ТЛ веќе во посакуваната форма повторно ја демонстрира определбата за место во Првата лига од следната сезона. Беќири креираше состав кој веќе јасно се издвојува со квалитетот на Западот, а тоа го демонстрираше и на натпреварот во Дебар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
