
Натпреварите од 19. коло во второлигашката конкуренција издвоија неколку убедливи победи, како оние на Борец, Кит Го, Струга ТЛ и Брегалница… Уште една доминација на фаворитите, со тоа што се издвојува победата на Борец од 7-1 против Детонит јуниор во која Марко Ѓорѓиевски постигна дури четири погодоци за велешани.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 19. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. АНТОНИО ИВАНОВИЌ (ТЕТЕКС)
Чуварот на мрежата на Тетекс еден од најзаслужните за триумфот на „штофарите“ на гостувањето против Пелистер. Сигурен без грешка на голот на гостите.
2. НИКОЛА СЕРАФИМОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Одличен во составот на штипјани. Покрај беспрекорноста во дефанзивата, стрелец и на еден од погодоците во триумфот од 4-0 против Вардар Неготино.
3. ИВАН КОЛЕВ (КИТ ГО)
Квалитетна партија за Кит Го во убедливиот триумф над Каменица Саса. Покрај дефанзивата, одличната игра ја зачини и со погодок.
4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (СТРУГА ТЛ)
Ново одлично издание на централниот дефанзивец на стружани. Партиципираше и со погодок во победата од 5-0 против Велазерими.
5. САШО ЃОРЕСКИ (ЛАБУНИШТА)
Квалитетна партија на искусниот левокрилен дефанзивец на Лабуништа. Сигурен во одбраната постојано активен во нападот, максимално значајно учество во победата на својот тим.
6. АЛТИН ЛОГА (СТРУГА ТЛ)
Мотор во средниот ред на Струга ТЛ, значаен креатор во играта на тимот стрелец и на погодок во победата од 5-0.
7. МАРТИН СТОЈАНОВ (КИТ ГО)
Од натпревар на натпревар постојано ги потврдува своите индивидуални квалитети. Повторно стрелец за Кит Го, но и исклучително активен во секоја офанзивна акција на домашните.
8. БОЈАН МИХАЈЛОВСКИ (ТЕТЕКС)
Творец на победата на Тетекс. Стрелец на единствениот гол за гостинска победа против фаворитот Пелистер.
9. ПАЈАЗИТ САЛИУ (ЛАБУНИШТА)
Го постигна најубавиот погодок на колото во второлигашката конкуренција. И тоа гол во финишот од мечот за голема победа на својата екипа.
10. МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (БОРЕЦ)
Борец одигра феноменална партија веќе во следниот натпревар по поразот од Тиквеш. А во таа партија Марко Ѓорѓиевски постигна четири погодоци.
11. ЈАСИР СЕЛМАНИ (ГОСТИВАР)
Гостивар дојде до триумф од 1-0 против Генч Калемлер на домашен терен, а во таа победа стрелец на единствениот гол беше Селмани.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЈОВИЦА КНЕЖЕВИЌ (ТЕТЕКС)
Веќе го носи Тетекс на патот кон опстанокот во второлигашката конкуренција. Нешто кое изгледаше неверојатно по есенскиот дел. Триумфот против Пелистер малку кој го очекуваше. Но, Кнежевиќ внесе и огромна самодоверба како секој член на тимот што ги издвојува „штофарите“ оваа пролет во Втората лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Евро-фудбал
Бешикташ го купува Давид Алаба?

Интернационалци
Трабзонспор отвора врата за трансфер на Столе Димитриевски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот
