
Борец ита кон Првата лига, а Симеон Христов е една од главните алки во составот на Горазд Михајлов, кој победува речиси се по ред во источната конкуренција. Постигна три гола, двапати беше во тимот на колото во Втората фудбалска лига и го заслужи признанието за најдобар играч за месец март во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Чест ми е што сум прв добитник на признанието, ќе ми биде само уште поголем мотив за добри настапи до крајот на сезоната. Ова е прекрасен потег за промоција и на подзаборавената второлигашка конкуренција, да го добие заслуженото внимание“, вели Симеон Христов.
Борец е пред промоција во прволигашкото друштво и Христов се надева дека целта ќе биде остварена.
„Имаме убава бодовна предност, но има и уште девет кола до крајот на првенството. Треба да продолжиме во победнички стил и да минеме први низ целта. Мислам дека голем дел од работата завршивме во есенскиот дел, кога создадовме разлика во однос на конкурентите. Борец е квалитетен тим, спој на младост и искуство, предводен од искусен тренер кој има прволигашко, но и интернационално искуство. Морам да напоменам дека функционираме како едно големо семејство и дека раководството ни нуди одлични услови за работа“, истакна најдобриот играч за месец март во Втората лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
