Струга Трим Лум комплетно се врати во трката за излез во Европа по блескавиот триумф (2-3) на гости против Македонија ЃП. Сега „лавовите“ им бегаат само еден бод на стружани и ќе биде неверојатно интересно во оваа битка до крајот на шампионатот.
Марјан Алтипармаковски беше една од клучните алки во победата на Струга Трим Лум. Беше успешен реализатор на два пенали, ладен како шприцер во решавачките моменти ја презеде одговорноста и не погреши. Беше одличен во текот на целиот меч, им направи многу неволји на дефанзивците на Македонија ЃП. Тој е избран за најдобар фудбалер на 29.коло во Првата лига.
Во следното коло, Струга Трим Лум е пред ново искушение, на домашен терен го пречекува Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













