Шкендија не се откажува од одбраната на титулата. Успеа да го „прегрми“ првото пролетно гостување и победи на дербито со Академија Пандев иако имаше негатива по само пет минути игра. Но, потоа на сцена стапи Агим Ибраими, со асистенција до Алими придонесе за израмнување, а во второто полувреме реализираше пенал за комплетен пресврт и триумф за тетовскиот тим.
Агим Ибраими заслужено го добива признанието за најдобар играч на 19.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ. Тој е еден од најголемите адути на Ернест Ѓока во трката за шампионската титула со Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













