Македонија ЃП е хит во првенството, се впушти во трка за шампионската титула со Шкендија и со Шкупи, а полека го зацврстува и победничкиот менталитет. Во тоа многу помага и робусниот напаѓач Калид Абдул Басит кој во клучни моменти умее да погоди и да го сврти резултатот во корист на ѓорчепетровци.
Така беше и на вчерашниот натпревар против Пелистер на стадионот во Ѓорче Петров. Калид Абдул Басит беше двоен стрелец, а со вториот погодок постигнат во 85.минута извлече победа за Македонија ЃП. Го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 16.коло во Првата лига во изборот на нашата редакција.
Македонија ЃП во следното коло му гостува на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













