Шкупи во чекор ја следи Шкендија, успеа да слави на гостувањето во Битола, а најзаслужен за тоа е напаѓачот Дембо Дарбо. Пелистер поведе со голот на Борче Маневски, но Дембо Дарбо не дозволи домаќинот премногу долго да се радува. Израмни само три минути подоцна, а потоа и се погрижи за целосен пресврт до крајот на првиот дел.
Во второто полувреме Дембо Дарбо постигна уште еден гол, комплетираше хет – трик и го обезбеди триумфот за составот од Чаир. Дефинитицвно покажа врвна класа, незадржлив е за противничките дефанзивци и заслужи да биде потенциран како најдобар играч на 15.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Во следното коло, Шкупи на домашен терен го пречекува Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













