Македонската репрезентација до 19 години загуби убедливо со 4-0 од соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот натпревар во Анталија.
Без шестмина стандардни фудбалери (Лука Станковски, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Кристијан Тасевски и Берат Калкан), кои поради клупски обврски не се вклучени на подготовките, македонската репрезентација не можеше сериозно да им се спротивстави на врсниците од Бугарија. Дополнителен хендикеп за селекторот Арслани беше и отсуството на Луан Абази кој заработи повреда на вчерашниот тренинг.
Во 34. минута, Трифонов го отвори резултатот, а во второто полувреме истиот фудбалер зголеми на 2-0 по еден од игра. Двоен стрелец за Бугарија беше и Сираков.
Македонија до 19: Стефан Митрев, Филип Костовски, Славе Маркоски, Мартин Величковиќ Радуловиќ, Виктор Крстевски, Иван Николов, Зуфер Шајини, Бехар Фета, Октај Ракипи, Арда Окан, Фатон Адеми;
Замени: Новаков, Николов, Ѓуровски, Фетаи, Терзиев, Рамани, Игњатов, Трајаноски, Арифи, Абази, Џемаили, Петејчук, Муше;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













