
Агенцијата за млади и спорт, веќе осми месец е без одговор за македонското државјанство на Берат Калкан. Еден од најталентираните фудбалери со наше потекло кој настапува во турски Касимпаша поради „ажурноста“ на АМС отпаѓа од составот на Македонија.
Македонската репрезентација до 19 години од 10. до 16. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Нашата надежна репрезентација на турнирот во Албанија ќе се соочи со селекциите на Албанија, Србија и на Франција.
Турнирот го отвораме против Србија на 10. ноември во Елбасан, три дена подоцна играме против топ фаворитот Франција, а на 16. ноември е мечот против домаќинот, селекцијата на Албанија.
Голем хендикеп за нашата репрезентација е отсуството на Берат Калкан. Фудбалерот на турски Касимпаша нема да биде во составот на Македонија поради тоа што Агенцијата за млади и спорт сеуште не дава никакво мислење по барањето на ФФМ испратено пред осум месеци за обезбедување македонско државјанство за Берат Калкан.
„Реално, се соочуваме со многу проблеми околу составот. Еден од нашите најталентирани фудбалери, Берат Калкан од турски Касимпаша поради административни проблеми (ФФМ веќе осум месеци нема одговор од Агенцијата за спорт и млади за државјанство на Берат Калкан) дефинитивно нема да биде во составот на репрезентацијата, а до последен момент ќе чекаме одговор околу евентуален настап на Јанкуловски и Тасевски исто така поради административни причини. Поради повреда (скршеница на раката) не можеме да сметаме ниту на Андреј Стојчевски од Академија Пандев.
Групата е исклучително тешка. Франција е фаворит. Нашиот прв противник Србија, исто така е многу квалитетна репрезентација, а одлична генерација има и селекцијата на Албанија. Позитивно за нас во овој момент е тоа што од повиканите фудбалери нема повредени и ќе бидат подготвени да се соочат со силни противници. Верувам во тимот и во квалитетот на нашата репрезентација. Наша цел е да се надигруваме со сите, а колку тоа ќе биде доволно за позитивни резултати ќе видиме по крајот на натпреварите“, изјави селекторот Дашмир Беари.
На неговиот список за претстојните квалификациски натпревари се најдоа следните фудбалери:
Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Гоце Јовчев (Вардар), Кире Новаков (Триглав, Словенија);
Одбрана: Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија), Решат Рамадани (Шкендија), Грегори Давков (Вардар), Љупче Кудев (Кит Го), Самет Реџепи (Детонит), Антонио Јанкуловски (Фролунда, Шведска), Гордијан Христовски (Тетекс), Давид Бошески (Кит Го);
Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Џемиљ Јахији (Воска Спорт), Ване Крстевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Зуфер Шаини (Бриње, Словенија), Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка);
Напад: Бехар Фета (Воска Спорт), Али Али (Ренова), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гуџуфи (Бешикташ).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
