Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години уште еднаш ремизираше против врсниците од Црна Гора на пријателскиот меч што се одигра во Подгорица. По првото реми (2-2), надежите предводени од Драган Канатларовски денеска одиграа 1-1.
Македонија поведе со голот на Ангелов во 11.минута, а Црногорците израмнија преку Ѓукановиќ во 54. минута.
Македонија на овој натпревар настапи во следниот состав: Стефан Тасев, Никола Павлевски, Бленд Зеќири (од 46. Борјан Поповски), Енис Букји (од 81. Милош Милошевски), Матеј Ангелов (од 81. Мите Митев), Дасмир Елези (од 88. Ибраим Левент), Матео Софијановски (од 88. Петар Алексовски), Бесарт Гујдуфи (од 88. Талха Идризи), Ерион Шуку (од 54. Георг Стојановски), Давид Љушев и Марко Софијановски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













